3,6 милиони барале работа во „Тесла“ во 2022 година, се вработиле „само“ 29.000 луѓе

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Во 2022 година 3,6 милиони луѓе барале работа во „Тесла“, а биле вработени 29.000 нови работници.

Според анализата на Ројтерс објавена денеска, бројот на вработени во „Тесла“ оваа година би можел да биде помал бидејќи оваа автомобилска компанија од мај го намалила бројот на огласени работни места во компанијата.

Шефот на „Тесла“ Елон Маск на 15 мај апелираше до одговорните во компанијата да бидат повнимателни при објавувањето на понудите за вработување и да не вработуваат многу нови вработени.

Почнувајќи од тој момент, „Тесла“ објави речиси 1.400 понуди за вработување во компанијата, пред се во САД, на различни позиции.

Маск беше еден од првите шефови на големи компании кој пред една година предупреди на претстојната рецесија, а во мај годинава изјави дека ситуацијата во светската економија ќе биде „тешка“ во следните 12 месеци.

Според британската агенција, на крајот на 2022 година, во Тесла работеле речиси 128.000 луѓе.

Слични содржини