346
Вечерва во емисијата 360 степени на Алсат телевизија, откриваат дека Влада на Република Северна Македонија потпишала меморандум за соработка со фирмата „Бехтел Енка”, за изградба на неколку автопати во земјаваа, без претходно објавен тендер. Инаку фирмата е позната во јавноста, така што неколку пати била вклучена во неколку криминални зделки во регионот. Граѓанските организации кои што работат за борба против корупцијата го вклучуваат алармот и велат недозволиво е на овој начин да се прескокне законот за јавни набавки и да се склучи договор со една фирма.