37 загинати во израелски напад врз станбен блок во центарот на Газа

Според медицинскиот персонал, 35 од 37 жртви биле членови на едно семејство.

од Бети Божиноска
201 прегледи

Министерството за здравство во Газа соопшти дека 37 лица, вклучувајќи деца и бремени жени, биле убиени во израелски воздушен напад врз станбен блок во центарот на Газа во петокот вечерта, пренесува Си-ен-ен.

Си-ен-ен не може да го потврди бројот на жртвите од инцидентот западно од кампот „Нусејрат“, но видеото од местото на настанот покажува дека екипите на брзата помош ги товарат телата завиткани во ќебиња, како и големо уништување.

Добиени се видеоснимки и од донесените мртви и повредени лица во болницата „Мачениците на Ал Акса“, вклучувајќи и тела на неколку деца. Според медицинскиот персонал, 35 од 37 жртви биле членови на едно семејство.

„Нусејрат“ беше цел на неколку напади во последните неколку дена. Во втор напад таму влеравечер загунале седум други лица.

Израелските сили објавија денеска видео од нападот во петокот, велејќи дека „неколку терористи на Хамас“ живеат во областа. Очевидци рекоа дека во текот на ноќта имало напад и во областа Деир ал Балах во северна Газа.

Две лица изјавија дека жителите добиле телефонски предупредувања од Израелските одбранбени сили (ИДФ) да се евакуираат во рок од 15 минути.

Еден млад човек, Абдала Магбара, изјави за Си-ен-ен дека луѓето побегнале без ништо откако биле предупредени „да излезат од целиот блок за 15 минути“ и „да излезат од 10-те куќи околу куќата на Нани Абу Барака“. Тој вели дека по 15 минути, Израелците им рекле дека „не сакаат да видат никого на улица“, додавајќи:

„Одеднаш два проектила паднаа на целиот блок и целосно уништија седум згради, ништо не беше поштедено“.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека во последните 24 часа во израелските воени операции загинале 63 лица, а 112 лица се повредени. Министерството во своите податоци не прави разлика меѓу борци и цивили.

Оттаму соопштијадека кумулативниот број на загинати од 7 октомври во Газа се искачи на 31.553, а повредени се 73.546 лица. Во петокот, Министерството посочи дека децата и жените сочинуваат 72 отсто од вкупните жртви.

Слични содржини