23
Преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, досега 38 повредени лица од трагичниот пожар во Кочани се евакуирани и сместени на лекување во болници низ Европа, соопштуваат од Делегацијата на Европската Унија во Македонија.
Македонските медицински тимови вложија огромни напори за стабилизирање и подготвување на пациентите за транспорт, а значителна поддршка за нивното евакуирање и медицински третман обезбедија Унгарија, Луксембург, Хрватска, Словенија, Литванија, Романија, Италија, Белгија, Полска, Шведска, Шпанија и Норвешка. стои во соопштението на Делегацијата на Европската Унија во Македонија.