Денес во Турција се регистрирани 62.797 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на пациенти се искачи над четири милиони, соопшти Министерството за здравство.
Од последниот пресек, регистрирани се 279 смртни случаи поврзани со вирусот, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата, според Гардијан.
Скоро 35.000 луѓе починаа во Турција.
Неколку нови ограничувачки мерки и „делумен локдаун“, кои вчера ги објави турскиот претседател Реџеп Таип, стапија во сила денес и ќе важат во текот на првите две недели од Рамазан за да се спречи зголемувањето на бројот на заразени.