
Земјотрес е почуствуван рано наутро на морскиот брег на грчкиот остров Карпатос во југоисточното Егејско Море, објави „Елефтерос типос“.
Според податоците на Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, земјотресот имал магнитуда од 4,1 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на 82 километри од Карпатос на длабочина од околу 20 километри.