(Видео) 4 убиени и 11 ранети полицајци во Далас- Убијците фатени

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Четворица полицајци се убиени, а седуммина се ранети кога кон нив е отворен оган од најмалку двајца снајпери синоќа во Далас во американската држава Тексас, во момент кога во центарот на градот се одржувале протести поради убиството на двајца Афроамериканци за време на полициска интервенција.4934142

Полицијата на Твитер објави дека двајцата осомничени се уапсени. Првиот бил уапсен, откако влегол во престрелка со специјални полициски сили. Вториот сам се предал, откако полицијата објавила фотографија од него во медиумите и побарал информации за него во врска со убиството на полицајците.4934146

На местото на кое е уапсен еден од осомничените полицијата открила сомнителен пакет и проверува дали станува збор за експлозивна направа.

Потрагата по напаѓачите се случувала во центарот на Далас, а целата глетка изгледала хаотично, со хеликоптери кои надлетуваат во центарот  на градот и полицајци со автоматски пушки на улицитеполи ц далас

Шефот на полицијата во Далас Дејвид Браун изјави дека од два снајпера се погодени 11 полицајци, од кои тројца се убиени, меѓутоа полицијата во Далас на Твитер објави дека и четврт полицаец им подлегнал на повредите.

Снајперските напади се случиле во четвртокот во 20:45 по локално време во момент додека повеќе стотици лица протестирале поради убиството на Афроамериканците во текот на полициска интервенција во Батон Руж во Луизијана и во Сент Пол во Минесота.

Гувернерот на Тексас Грег Абот соопшти дека на безбедносните служби на сојузната држава им наложил на градот Далас да му ја понудат секоја потребна помош.