4 знаци дека врската е пред пропаст

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Во суштина не ве советуваме да се откажувате од сериозната врска со лесна рака (при првата посериозна тешкотија), но сепак бидете внимателни. Има штети во односите, кои можат да бидат поправени, но понекогаш е премногу доцна за тоа …0d0bde7cc198479bd2aae64bb01ac42e

Постојат четири основни знаци кои укажуваат дека врската е на пат да пропадне. Ако имате било какви ретки, иритирачки сомневања за врската, започнете да размислувате дали овие знаци не се појавиле и во вашиот живот.

Еве ги и нив:

Чувствувате разочарување од партнерот

Ако се чувствувате фрустрирани со вашиот партнер и тој / таа ве полудува со секој свој збор, навика или акција, значи има некоја сериозна причина. Фрустрација е чувство поврзано претежно со недостатокот на постигнување на зададени цели. Во однос на врските, тоа може да се манифестира кога двајца луѓе имаат различни или конкурентни цели и воопшто различен поглед кон животот.

Ако двајцата постојано сакате различни нешта, вие постепено ќе се отуѓите и во вас ќе се роди фрустрација и немоќ. Ако вие и вашиот партнер не најдете начин да се мотивирате и да направите некои промени во ставовите за сегашноста и иднината, работите ќе ви побегнат од раце.

Се чувствувате лути, нервозни, неразбраи и бесни речиси постојано

Ако вашите обиди за постигнување на заедничките цели се постојано спречувани од партнерот, вашата фрустрација ќе прерасне во гнев. Еве во оваа фаза ќе се појават најсериозните проблеми во односите.

Овој гнев ќе акумулира постојани спорови и скандали што е подеструктивно и безвредно. Вие свесно ќе го ослободувате бесот и со тоа ќе се разнишаат темелите на врската, бидејќи ќе бидете супер иритантни. Оваа фаза во односите навистина е време за размислување. Користете ја оваа енергија, за да се редефинираат вашите заеднички цели.

Несигурноста ве “јаде” одвнатре

Ако сте имале премногу гнев во врската (или од или кон вашиот партнер), ќе почнете постепено да се откажувате од него / неа. Ќе се дистанцирате, за да не се конфронтирате и ќе ја изгубите довербата во односите.

Ќе почнете да доживуваме чувство на несигурност, љубомора, параноја и работите сосема ќе излезат надвор од контрола. Ако сте во фаза на несигурност, вие ќе сте и премногу критични кон партнерот. Не заборавајте сепак да помислите дали проблемот делумно се крие и во вас?

Се чувствувате осамени

По несигурноста неизбежно доаѓа фазата на осаменоста. Покрај разочарувањето и гневот вие со партнерот најверојатно сте престанале да бидете интимни еден со друг. Можеби дури ќе престанете да си зборувате.

Дури да живеете во иста куќа, да се наоѓате во иста просторија, ќе се чувствувате целосно изолирани и осамени. Ако ја имате достигнато оваа фаза, сигурно е премногу доцна за вас. Тоа е фаза кога односите се целосно службени и можеби веќе ќе се бара да се извлечете од оваа комплексна и заморна ситуација.