Барем 24,9 милиони луѓе во светот се во стапицата на принудна работа, вклучувајќи 16 милиони во приватниот сектор, 4,1 милиони се жртви на принудна работа, наметнат од држава, вклучувајќи задолжителна воена служба и земјоделска работа. Уште 4.8 милиони луѓе се сексуално експлоатирани и 15.4 милиони се принудени да се омажат. Од вкупно 40,3 милиони робови 10 милиони се деца, покажува извештајот 2017 Estimates of Modern Slavery. Близу 25 милиони луѓе се на принудна работа како робови поради долг.
Повеќето случаи на ропство се регистрирани во Африка, Азија и Пацификот, иако овие резултати треба да се преземат “претпазливо” поради недостатокот на информации од арапските држави и западната хемисфера. Авторите на истражувањето откриле дека повеќе од 70% од 4,8 милиони жртви на сексуално ропство се во Азија и Пацификот, додека браковите за сметка преовладуваат во африканските држави. Информациите се собрани за период од пет години, вклучително и преку интервјуа со повеќе од 71.000 луѓе од 48 земји.
Вториот извештај во истото истражување покажува дека 71% од модерните робови се жени и деца. Од децата на возраст меѓу 5 и 17 години, приближно еден од секои 10 луѓе во светот се принудени да работат. Најмалку 64 милиони од нив се девојчиња и 88 милиони момчиња. Повеќето од нив се во Африка (72,1 милиони). Во Азија има 62 милиони, 10,7 милиони во Северна и Јужна Америка, 5,5 милиони во Европа и Централна Азија, 1,2 милиони во арапските земји. Околу една третина од децата на возраст меѓу 5 и 14 години кои работат се надвор од образовниот систем. Најмалку 38% од нив работат на ризик, а скоро 2/3 од оние меѓу 15 и 17 години работат повеќе од 43 часа неделно.