40 санкции за пребрзо возење во Скопје, 7 возеле без возачка дозвола

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 80 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, а две за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се и три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за користење на мобилен телефон…

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа од МВР.

Слични содржини