„42 дена ја немам видено сестра ми“: Жителите на Буча по уништувањето на градот

од Берта Китинска
251 прегледи

По повеќе од 40 дена војна, градот Буча во Киевската област беше целосно уништен. Светот беше шокиран од фотографиите на безживотни тела на улиците на градот, а меѓународната заедница тврди дека руските војници треба да одговараат за воените злосторства. Москва, пак, ги отфрла обвинувањата и тврди дека фотографиите се фалсификувани. Во меѓувреме, жителите на Буча се обидуваат да ги започнат своите животи од нула.

Владислава Љубанец низ солзи зборуваше за периодот од 35 дена што ги поминала затворена во подрум со децата.

„Немаше информација, телефоните не работеа. Цело време имаше пукотници. На (децата) им беше ладно, цело време ги гушкав. Спиевме како едно тело и се греевме. Им реков дека се ќе биде во ред и дојдоа украинските војници“, рече таа.

Нејзината сестра живее во блиската населба, а како Владислава била принудена да се засолни во подрум. Двете сестри беа разделени 42 дена, а неодамна се видоа за прв пат од почетокот на војната.

Украинските власти сега работат на идентификување на стотици тела пронајдени во Буча и други градови по повлекувањето на руските трупи и документираат докази за можни воени злосторства.

Некои тела пронајдени расфрлани низ Буча беа закопани во масовна гробница во близина на црквата во центарот на градот. Многу други беа закопани на различни локации, бидејќи нивните роднини не можеа да се осмелат да излезат на улица и да одат во црква.

Слични содржини