(ВИДЕО) Протестна акција „Лажни пророци“

од Vladimir Zorba
130 прегледи
timthumb (1)

Акцијата „Лажни пророци“ е серија од протестни изведби во јавен простор на неколку песни од Блаже Конески. Активистите и уметниците изведуваат песни на локации урнисани од проектот „Скопје 2014“.

Дел од изведбите на песните на Конески се придружени со формирање живи скулптури кои асоцираат на естетиката и симболиката на спомениците од НОБ, историски период тенденциозно запоставен изминативе десетина години.

– Живата скулптура ја носи и симболиката на отпор против сфаќањето на културата исклучиво како нешто ‘мртво’ и опредметено, а ја афирмира културата на живост и во протестна и активистичка смисла.

Блаже Конески е еден од клучните ликови на модерна Македонија, личност која има огромни заслуги за еманципацијата, развојот и модернизацијата на Македонија во контекст на современата регионална и европска култура. Токму затоа неговите песни се одбрани при изразувањето протест против денешната девастација на сè што е модерно во македонската култура, велат активистите./извор а1он