Ханс Глобке е еден од коавторите на Нирнбершкиот закони за расна чистота. Тоа, сепак, не му пречи да стане шеф на кабинетот на канцеларот Аденауер-пишува DW. Впрочем, и до денес во кабинетот на канцеларството виси портрет на Глобке. Без коментар.

“Не фрлајте ја валканата вода од коритото пред да набават чиста”, гласи еден од истакнатите за Аденауер афоризми. Првиот канцелар (1949-1963) на новоформираната Сојузна Република е познат со остриот јазик, полн со афоризми. Цитираната мисла го опишува односот кон поранешните нацисти во тогашното државно управување.
Ханс Јозеф Марија Глобке е најпознатиот и највлијателен човек со кафено минато од блиското опкружување на канцеларството. Во тоа време тој беше државен секретар и се грижеше за организацијата во кабинетот на “Стариот”, како што со почит го нарекувале Аденауер. Особено на крајот на неговиот мандат Глобке е нешто како заменик-канцелар во сенка на младата федерална република. За многумина тој факт останува скандалозен и до денес.
Откако со години кабинетот на канцеларството се противеше на деталниото проучување на неговата сопствена историја во периодот непосредно по Втората светска војна, во почетокот на јуни годинава познати научници-историчари едногласно инсистираа пред Бундестагот за детални истражувања на предметното минато. Зошто е важен овој збор?
The Daily Express: “Исламска држава” се претвора во “супер Ал Каеда”
“Зашто е важно да се утврди колку најважните политички одлуки од тоа време – како пристапувањето на СРГ во НАТО, поврзувањето на земјата со Западните сили или забраната на Комунистичката партија на Германија – не биле донсени на пример главно под влијание на кадри со” кафеаво минато “од времето на национал диктатура”, вели Шербакова Улрике Јурајт.
Кој е Ханс Глобке?
Од 1953 до 1963 Глобке е шеф на кабинетот на канцеларот, а во времето на националсоцијализмот тој е еден од коавторите на Нирнбершките закони за расна чистота, кои послужиле како основа на Адолф Ајхман за организираното убиство на милиони Евреи. Во ГДР против Глобке е издадена нередовна пресуда за доживотен затвор, а и во Западна Германија имало многумина кои ја сметале повоената кариера за скандал. Впрочем, на четвртиот кат на кабинетот на канцеларството и до денес виси портрет на поранешниот владин советник за времето на Хитлер. Без коментар.
Најдоцна од 1960-те натаму случајот “Глобке” постепено се претвора во темпирана бомба за канцеларот Аденауер. Кога израелските тајни служби (Мосад) го откриваат Адолф Ајхман во Аргентина и го пренесува во Израел, во германскиот кабинетот на канцеларството во Бон настапуваат недели на голема загриженост.
Во пресрет на неговиот судски процес Ајхман води белешки, кои паѓаат во рацете на германските тајни служби. Во нив Ајхман покренува тешки обвиненија против Глобке – тврди на пример, дека тој самиот само извршувал она што луѓе како Глобке го биле формулирале. Овие ракописи така и не гледаат виделина. Како во Ерусалим, така и во Бон во тоа време се зафатени со далеку поважни задачи. Израел упатува молба до Бон за голема економска и оружена помош и Германија им ја додели, а житието на Глобке во времето на Третиот рајх останува засекогаш погребано.

Вештините се поважни од моралот?
За Аденауер Глобке е незаменлив. “Не познавам никого, кого би можел да ставам на неговото место”, рекол Аденауер. А тоа однесување уште еднаш докажува дека тој дава поголемо значење на компетентноста на експертот, отколку на неговиот морал.
Но, не само првиот федерален канцелар постапил така прагматично: Вили Брант исто правел слични компромиси. За да не биде прогласуван од конзервативниот кампус за “предавник на татковината”, тој има тенденција да не крева врева околу случајот “Глобке”.
Целокупната документација поврзана со активноста на овој истакнат нацистички функционер, кој служел на двајца повоени канцелари, останува недостапна за истражувачите и историчарите и до денес, бидејќи не спаѓа во Федералната архива на Германија, туку оди во рацете на ќерката на Глобке која по правило го одбива пристапот до него. Затоа истакнати германски историчари инсистираат за “слободен пристап до сите (…) важни податоци”. Кога точно ќе започне работата на истражувањето на овој темен период од историјата на германскиот кабинетот на канцеларството останува сепак нејасно.