45 дена ќе биде затворен патот Маврови Анови – Жировница

од Vladimir Zorba

Согласно одобрението издадено од страна на Министерството за Транспорт и Врски, “ВИАДУКТ ТРЕЈД” ДООЕЛ Гостивар известува дека почнувајќи од вторник 14.06.2022 година од 10 до 14 часот, во наредните 45 дена ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за објект Рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.

Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница.

Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар

Слични содржини