5 чудни нешта кои ги практикуваат долгогодишните парови

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Повеќето долгогодишни двојки имаат поминато доволно време заедно, за да можат партнерите да се чувствуваат удобно еден со друг, без какви и да е проблеми.3d2ee5f97f600b3919e59de858db4f2f

Резултатите понекогаш се навистина чудни во овој поглед.

Еве и пет работи кои речиси секоја среќна сериозна двојка ги прави и дури не се размислува за овој факт:

1. Си пишуваат СМС од соседните соби, бидејќи се премногу мрзливи да станат .

Многу сопружници кои гледаат навечер телевизија во различни соби, си комуницираат со текстуални пораки. На никој не му се оди до соседната соба од мрзеливост. Тоа не значи дека овие двојки не комуницираат меѓу себе или дека се скарани, едноставно го прават малку на поопуштен начин, без да станат од каучот / креветот.

2. Си ги забораваат своите имиња.

Некои долгогодишни двојки толку многу се свикнуваат на своите мили, слатки псевдоними / прекари, со кои се обраќаат еден кон друг од сортата на зајче, маче, бебе, буби, миличок и др., што си ги забораваат своите имиња. Ако во одреден момент се случи некој одеднаш да праша таков човек за името на партнерот, тој може за секунда да се замисли. Дури и да не се замисли, сепак спомнувањето на вистинското име на партнерот може да му звучи чудно.

3. Се грижат меѓусебно за изгледот на другиот.

Кај овие парови исчезнале одамна деновите во кои партнерите поминуваат часови во тоа да се подготват за средбата со другиот. До денес е многу поверојатно жената да прави маска на градите на мажот или пак да го депилира со апаратче. На мажот пак веројатно не му смета мачкањето на својата жена со лосион за интима.

4. Тие одат во тоалет со отворена врата.

Тоа е една непријатна навика која повеќето долгогодишни партнери ја делат. Одеднаш затворањето и дури турнувањето на вратата на тоалетот станува излишна акција.Некои парови ги миијат забите заедно, па ја плукаат пастата за заби во еден мијалник!

5. Се бањаат заедно, без да имаат секс.

Тоа е горе-долу исто како и погоре – доаѓа момент во кој партнерите влегуваат да се искапат заедно во бањата / туш кабината / кадата, само за да заштедат време (или вода) наутро. Во умот сепак не им поминува идејата за брз секс. Овде станува збор само за комунални услуги.