5 години подоцна, разводот не е ни близу: Анџелина го обвини Бред дека го малтретирал својот син Медокс

од Vladimir Zorba
475 прегледи

Пет години подоцна, Анџелина Џоли (46) и Бред Пит (57) се уште се разведуваат. Имено, тие го иницираа разводот во 2016 година, и се уште не можат да се договорат за старателство над шесте деца што ги имаат заедно.

Можните причини за раскинувањето со години ги полнеа таблоидите, како и битката за старателство над децата. Во последните пет години, и двајцата потрошија повеќе од милион долари на бракоразводниот процес.

Заедно имаат шест деца: Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12).

Медокс, Захара и Пакс се посвоени од Камбоџа, Етиопија и Виетнам, додека Шајло, Вивиен и Нокс се нивни биолошки деца.

Анџелина со години се обидува да добие целосно старателство над децата, но Бред се бори силно против тоа.

Меѓутоа, јавноста беше изненадена од неодамнешните документи што се проширија до медиумите, во кои Анџелина тврди дека Бред наводно бил насилник за време на бракот.

Таа ги предаде на судот, во кои се вели дека е подготвена да презентира докази дека Бред го нападнал нивниот најстар син Медокс, додека семејството било на приватен лет за дома од Франција. Нападот наводно се случил само неколку дена пред таа да поднесе барање за развод во 2016 година.

Бред, од друга страна, ги негира сите овие наводи и се уште не е приведен или осуден по тие обвиненија.

– Се разведов во корист на моето семејство. Тоа беше вистинска одлука, и јас постојано се фокусирам на нив. Некои одлучија да ја искористат мојата тишина, а децата гледаат и читаат лаги што се пишуваат за нив во медиумите. Но, постојано се обидувам да ги потсетам дека само тие ја знаат вистинската вистина – откри Анџелина во интервју за „Вог“.

На крајот од последното судење, им беше доделено заедничко старателство, а Џоли веднаш ја предаде документацијата на Вториот окружен суд во Калифорнија со цел да го отстрани судијата Џон Одеркирк од нивниот случај. Таа тврдеше дека одлуката на судијата е неправедна и дека тој одби да ги сослуша малолетните деца и нивните желби во врска со старателството.

Тричлена комисија се согласи со Џоли и го дисквалификува Одеркирк. Се наведува дека ги прекршил „своите етички обврски“. Одеркирк дејствуваше како привремен судија и не откри дека има деловни врски со адвокатите на Бред Пит, што можело да влијае врз неговата одлука.

– Фактите не се променети. Постојат многу докази кои докажуваат дека ова е најдобро за децата. Ќе продолжиме да го правиме она што е во согласност со тоа – рече портпаролот на Пит.

Анонимен извор за People изјави дека Пит смета дека ова е многу нездраво и тешко за децата.

Откако раскинаа, двојката започна и различни патеки во животот.

Бред целосно се посвети на актерската кариера и така глумеше во 14 филмови и освои Оскар за улогата во „Беше еднаш во Холивуд“ во 2019 година.

Анџелина, пак, се криеше од јавноста некое време, но се врати на актерството неколку години откако започна разводот кога глумеше во Maleficent 2, и минатата година кога глумеше во „Come Away“.

Слични содржини