Дури и партнерите во среќни врски понекогаш се караат. Верувале или не, ова е исто така добар знак, бидејќи правилото е дека во врските што немаат иднина, партнерите ставаат сè под тепих, а потоа раскинуваат, на изненадување на сите. Но, не треба да се дозволува кавгите да прераснат во многу подлабок конфликт, па затоа е препорачливо да не ги правите следните 5 грешки кога се расправате со вашиот партнер.
Грешка број 1: Расправија за повеќе работи одеднаш
Веќе знаете како оди тоа. Ѝ замеривте што долго време се подготвува за заедничко излегување, а таа ви возвраќа со тоа дека сте ги оставиле вашите чорапи на подот од спалната соба повторно, и така во недоглед… Наместо да се фокусирате на едно прашање, скокате од тема до тема, што ве спречува да постигнете никаков компромис.
Грешка број 2: Привремен прекин на комуникацијата
Неодговарањето на телефон или одбивањето да разговарате во заедничкиот дом како протест поради реалното или замисленото омаловажување што сте го доживеале од вашиот партнер, не решава ништо и само создава дополнителна огорченост кон вас. Ако сте особено навредени од нешто што тој ви го кажал или направил, бидете директни, објасни му како се чувствувате и дајте му шанса да се искупи.
Грешка број 3: Расправија на несоодветно место
Расправијата на јавно место сигурно не е пожелна, но ниту во куќата на родителите на вашиот партнер или во друштво на пријатели. Ова само создава дополнителна причина за лутина, што скоро сигурно ќе доведе до нова кавга кога ќе се вратите дома.
Грешка број 4: Уцени и закани
Ако го сториш тоа уште еднаш, ќе те оставам! Ова е реченица што многумина од вас веќе ја слушнале. Го изговара личност која е толку лута што барем во тој момент е подготвена да ја жртвува врската за да му наштети на партнерот. Уцените и заканите за заминување сепак се целосно контрапродуктивни затоа што имплицитно ставаат еден партнер во подредена положба, што го инспирира да се брани со истите средства и да започне да се заканува дека тој самиот ќе раскине.
Грешка број 5: Користење на тешки зборови
Колку и да сте лути на партнерот, воздржете се од употреба на груби зборови. Дури и ако навистина не го мислите она што му го кажувате, бидете сигурни дека вашите навреди ќе бидат врежани во неговата меморија и ќе го натераат со текот на времето да се оддалечува сè повеќе од вас. Неопходно е да бидете со ладна глава кога имате расправија со партнерот и да не дозволите поради ситници да се премине точката од која нема враќање.