5 комплименти кои тој сака да ги чуе

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Жените често добиваат комплименти од непознати мажи на улица или во локалите. Господата од друга страна не можат да се пофалат со истото. Од оваа причина тие се жедни повеќе од сè да бидат прифатени и вербално од своите партнери.4ae7835d2d77360016cda16ab0fffec3

Еве и што тој копнее да чуе, за да знае дека го цените.

Леле, ти си вистински секс бог!

Може и да не си признава, но најмногу од сè сака да ги пофалите неговите вештини во креветот. Поласкајте му го егото, ќе се потруди уште повеќе.

Што ли ќе правев без тебе?

Мажите сакаат да се чувствуваат потребни.Длабоко во нивните умови тие сакаат да бидат вашиот храбар витез, кој секогаш ја спасува ситуацијата. Понекогаш е убаво да влезете во улогата на беспомошната убавица, за да му дадете шанса да ве “спаси”. Не заборавајте да му искажете благодарност со зборови, а потоа и со нежен бакнеж / прегратка / романтична вечер.

Обожавам да го поминувам времето со тебе

Како и сите човечки суштества и мажите имаат свои комплекси и сомнежи. Тој може да изгледа како супермодел или да има банкарска сметка на Роман Абрамович, но најважно за него е да знае дека го цените мажот, човекот, а не вештините и изгледот.

Ти си одличен во својата работа

Ласкањето на неговиот интелект е задолжително! Секој маж чека да добие признание за професионализам. Бидете покреативни и додадете дека му се восхитувате на дисциплината и посветеноста кон работата.

Толку си секси, што ми станува жешко само кога те гледам

Да, не ја заборавајте и суетата! Некаде меѓу другите комплименти задолжително вметнете нешто позитивно за изгледот на начин на кој ќе разбере дека се гордеете со маж како него и секогаш би го избрале пред другите додворувачи.