5 милиони странци зеле пасоши на ЕУ по 2010 година

од desk3
67 прегледи

Од  2010 – та година над 5 милиони странци земале пасош на земја-членка на ЕУ.

Од нив 87% не биле граѓани на заедницата, соопшти порталот Албеу, повикувајќи се на Еуростат. Во 2015 година со  државјанство на земја од ЕУ се стекнале  840 000 странци, во 2014 година со 890 000, а во 2013-та нивниот број бил уште поголем – 980 000 луѓе.

Во 2015 година граѓани на земјите од ЕУ станале 10,2% Мароканци, 4,2% Албанци и 4,2% Турци. Вкупно 86 100 Мароканци станаа Европејци, а 88% од нив се одлучија за пасоши на Италија, Шпанија и Франција.

48 400 Албанци, се  стекнале со европското државјанство, од кои 96% станаа Италијанци или Грци. Во исто време од 35-илјадниците Турци 56% се преферирале да бидат Германци.