5 начини на кои сексот може да ви го уништи бракот

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Сексот е потреба како исхраната и пиењето и иако со годините хемијата помеѓу двајца луѓе да се намалува, недостатокот може да доведе до разделба или развод. Многу парови кои долги години се заедно, тврдат дека успешниот брак се крепи на разбирање, почит, комуникација и т.н.

Излегува сепак, дека интимноста во спалната исто така има клучно значење, убедена е Алин Золдброд, секстерапевт и психолог од Бостон. Еве и што според нејзината практика може да го уништи навидум здравиот брак на двајца луѓе:

1. Недостаток на експерименти и разновидност во сексот

Не е потребно да се дојде до превртување или егзибиционизам, но униформниот здодевен секс престанува да биде возбудлив и дури да носи задоволство. Во еден момент сопружниците почнуваат да се чувствуваат како пријатели и цимери што речиси ја убива интимноста меѓу нив.

2. Мамење

Кога сексуалниот живот не е на ниво, човек логично бара внимание на друго место. Телесното задоволство сепак може да прерасне и во емоционална афера, а дури и тоа потоа да не се случи, никој не реагира добро на неверство и тоа често е причина за крајот на бракот.

3. Недостаток на секс

Семејниот живот ги менува приоритетите во битието на луѓето. Времето не стигнува, обврските се зголемуваат двојно, тоа сепак не е причина да се откажете тотално од сексот со партнерот. Паровите кои многу ретко се оддаваат на милувања еден со друг имаат нездрава врска која води до низа проблеми и сомнежи.

4. Сексот според план

Најубавиот секс е спонтаниот. Затоа луѓето кои ја планираат секоја една секунда во спалната го уништуваат самото искуство, објаснува Алин. Таа раскажува за не еден и два случаи во кои мажите се жалат на партнерот што го претвора актот во нешто стерилно, предвидено и пресметано до секунда. Тоа ја убива целата емоција и задоволство во љубовниот чин и тој практично станува бесмислен.

5. Неквалитетен љубовник

За никого не е тајна дека женскиот оргазам не е механички и тој поминува низ главата. Затоа, за да се задоволи една жена, треба мажот да ја почувствува, да се погрижи за нејзините потреби и да ја натера да се почувствува удобно. Ако мажот е егоист, тој не се грижи за нејзиното задоволство и тоа практично води до ладење и растојание меѓу двајцата, како и до неподготвеност на жената во даден момент да спие со нејзиниот сопруг.