5 очајни и неуспешни обиди за состанување во фитнес салата

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Признајте, многу од вас ја користат салата не само за спорт, туку и за пронаоѓање љубов.29b47b7beeadb09d15bb1ed6b15936ca

Во салата сигурно има секси девојки кои прават провокативни движења во тесни алишта и нема како да не привлечат внимание.

Може и да успеете да добиете романса со било кој од нив, но бидете внимателни каков пристап користите.

Еве и што НЕ треба да правите:

Изгледате како клошари

Дури и во салата облеката е важна. Ако се појавите со валкана раздрпана маица и тренерки со дупки, ниедна жена нема да ве погледне. Немојте да се изненадите ако штом се упатите кон неа, таа избега во другиот крај. Одбирајте облека внимателно. Важно е да е удобна и да изгледате сепак уредно и чисто.

Не престанувате да се восхитувате на себе во огледалото

Добро е што го цените напредокот и извајаниот мускул, но прекумерната суета не е му е убава никому! Жените не сакаат заљубени мажи во себе кои се огледуваат повеќе и од нив. Како ги оценувате нејзините квалитети, ако погледот не излегува надвор од рамките на сопственото тело? Подобро испитајте ги промените во телото дома на само и заборавете на него во салата.

Се потите како свиња

Се разбира, потењето е сосема нормално во салата, но за таа цел спортистите носат крпи. На никого не му е пријатно да биде ангажиран во разговор од човек кој мириса непријатно и мокри сè околу себе.

Давате совети без да ви побараат

Многу мажи сметаат дека како се покажат како експерти и сезнајковци во салата, ќе добијат восхит и одобрување на неуките. За жал, тоа не е така! Ако почнете да давате упатства на некоја жена, таа ќе се кара, бидејќи ќе почувствува срам. Почекајте, може сама ќе ве побара или во краен случај ќе интервенирате, ако видите дека ќе биде повредена и тоа без да ѝ се перчите.

Ги коментирате гласно и грубо телата на жените во салата

Дури и да има совршено тело, една жена ќе се изнервира кога ќе чуе бесрамни коментари на група мажи за друга жена. Дали од чувство за солидарност, или затоа што зборовите ви се искрено погрдни, не е толку важно. По слично однесување неа ќе ѝ се гади од вас, сомневајќи се дека зад нејзин грб може да зборувате слични нешта потоа.