5 правила во спалната кои ќе го спасат бракот/врската

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Времето поминато во креветот, е важно не само за здравјето и добриот сон, туку и за вашата врска. И не, не станува збор за секс! Всушност однесувањето во кревет е симбол за тоа какви се односите со партнерот / законската половина. Ако во спалната чувствувате дистанца меѓу себе, тогаш ова е знак дека работите меѓу вас не се воопшто добри и наскоро ќе дојде до разделба / развод.1dba24874b7655572ebe65a5eae3222f

Еве кои “правила” треба да ги внесете во спалната соба, за да имате здрава и хармонична врска:

1. Одете на спиење заедно

По долгиот фрустрирачки ден, многу од вас сакаат да се опуштат со книга во рака или пред телевизорот. Тоа во овој случај значи дека ќе си легнете доста подоцна од партнерот или пак порано (ако тој се ангажирал со слични активности) и така ќе го ограничите дополнително времето за близина и комуникација.

2. Исклучете ги електронските уреди

Другиот камен на сопнување во врската се електронските уреди, особено телефоните во кои сте инсталирале секакви социјални мрежи и забавни или информативни aпликации кои ја опседнуваат секоја ваша слободна минута. Шутнете ги социјалните мрежи во кревет. Обрнете внимание на саканиот до вас, другите можат да почекаат.

Телевизорот исто така не е добра идеја во спалната соба, бидејќи ве расејува и дистанцира од партнерот. Зарем филмот е поважен од неа / него под услов да не сте се виделе речиси целиот ден?

3. Разговарајте

Недостатокот на комуникација помеѓу паровите е причина за многу разводи и расипани врски. Креветот е совршено место каде што може да споделите со партнерот нешто интересно од денот, да разговарате за некоја тема или едноставно да си кажете неколку мили зборови. Ситуацијата е предиспонирачка за интимност и нежност, и обично по пижами во кревет човек се чувствува ранлив и е отворен кон тоа да споделува и да го сослушува другиот. Искористете од тоа!

4. Допирајте се

Допирот е многу важен и е знак на близина. Не е потребно секој ваш допир да биде предочен за секс. Може да е гест на нежност и љубов, кој другиот треба да го чувствува.Допирање на саканиот води до зголемување на хормонот оскитоцин во телото, наречен уште хормонот на среќата.

5. Бакнување за добра ноќ

Како да си посакаме добра ноќ? Па, тоа е моментот во кој мора да се сеќаваме да го бакнеме саканиот.Тоа е гест на емоционална и физичка интимност, кој помага за зајакнување на врската.Обидете се и ќе видите како односите ви се менуваат драстично на подобро.