5 причини да не го игнорирате редовниот секс

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Многумина се загрижени за последиците од сексуалните искуства врз нивното здравје – од полово преносливи болести до несакана бременост.

Покрај овие ризици, сепак, редовниот секс во голема мера може да ни ја подобри благосостојбата,  не само на еден или два начина.

1. Го зајакнува имунолошкиот систем

Кога правиме секс еднаш или двапати неделно, се зголемуваат нивоата на антителата во организмот со 30%. Тоа го тврдат американски истражувачи. Антителата на протеините се користат од страна на имунолошкиот систем во заштитата против грип и настинка.

Причината е дека сексуално активните луѓе се изложени во поголем степен на бактерии и вируси, што доведува до зголемување на нивото на антителата во организмот.

2. Се подобрува срцевото здравје

Активноста меѓу чаршафите го подобрува и срцевиот ритам, а неговиот врв е за време на оргазам.

Кај мажите во 50-те, кои имаат секс најмалку двапати неделно, ризикот од срцеви заболувања е намален за 45%.

3. Се намалуваат нивоата на крвниот притисок

За време на истражувањето стручњаците од Мичиген американски универзитет во САД откриле дека жените на возраст меѓу 57 и 85 години кои имаат секс, се помалку склони да страдаат од хипертензија. Тоа автоматски го намалува и ризикот од инфаркт и мозочен удар.

4. Се ублажува болката

Луѓето кои страдаат од мигрена, известиле за ублажување на болката со 60% после секс. Тоа го објавуваат германски истражувачи. Кластерите главоболки кои предизвикуваат мачна болка од едната страна на главата, се намалуваат за 37%.

5. Се подобрува сонот

По секс во организмот се синтетизира коктел од хемикалии, вклучувајќи и окситоцин и пролактин. Комбинацијата од нив ни помага да се опуштиме.