5 причини зошто смартфоните нè прават помрзеливи

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Колку зависни сте од вашиот телефон? А до кој степен се потпирате на него да мисли наместо вас? Неодамнешна студија открива дека луѓето кои се помалку аналитични, ги користат смартфоните да “мислат” наместо нив. Ова сепак има трајни последици врз мозокот и меморијата и практично нè прави многу мрзливи. Еве ги и причините:

GPS тера меморијата да затапе

Неврологот Вероника Бобо направила студија со своите колеги и заедно утврдиле дека системите за глобално позиционирање го намалуваат хипокампусот (делот од мозокот кој е одговорен за меморијата).

Логично – ако секогаш имате уред кој ќе ви кажува каде одите и каде се наоѓате, вие губите ориентација и чувство за околниот свет. Семафори, знаци, знаменитости – тоа се уште ориентири, кои помагаат да се сетите на правците.

Ја намалуваат полифункционалноста

Студија на универзитетот Стенфорд покажува дека корисниците на паметните телефони почнуваат да делегираат “доверба” ​​на мобилните уреди и ја губат способноста да прават неколку работи истовремено.

Тие прават сè наместо нас

Постојано се создаваат нови и нови app-ови, кои треба да ни го олеснат животот. Повеќето може и да се практични, но водат до едно автоматизирање, позајмување на евентуални работни места и недостаток на контакт меѓу луѓето.

Доведуваат до затапување

Човек веќе не сака да мисли, бидејќи има … Google. Доволно е да напише клучни зборови за она што го интересира и добива решение.

И до “отуѓување”

Во речиси целиот ден сме во Вајбер, Фејсбук, Инстаграм. Полесно е да си пишуваме, отколку да зборуваме или да се гледаме. Освен тоа веќе може да правиме милиони нешта онлајн, без да е потребен личен контакт – плаќање на сметки, шопинг и т.н, што доведува до отуѓување, губење на комуникациски вештини и изолација.