5 работи кои НИКОГАШ не смеете да ги кажете додека водите љубов!

од Stefanija Kuzmanovska
550 прегледи

Ако сакате на партнерот и себе си да си ја пружите возбудата која ја заслужувате, избегнувајте ги овие пет вербални стапици за време на сексот:

1. Не му предлагајте на партнерот нешто за што не сте сигурни

Иако ви се допаѓа помислата за анален секс, немојте да ја предлагате за време на сексот. Постои можност да не ви се допадне или да не сте целосно подготвени за тој чекор, што само ќе го расипе овој возбудлив и страствен момент. Пред да експериментирате, разговарајте со вашиот партнер за вашите желби и подгответе го вашето тело и ум за експериментите.

2. Не зборувајте за домашни работи или за какви било обврски

Прашања од типот на „дали го нахрани кучето“ не се тема на разговор за кој вашиот партнер сака да чуе за време на сексот. Кога водите љубов, избегнувајте да разговарате за децата или за одговорностите. Прифатете го сексот како релаксирачки чин во кој заборавате на сите товари и фрустрации.

3. Не го фалете вашиот партнер ако навистина не го мислите тоа

Не лажирајте оргазми и не кажувајте му на вашиот партнер дека тој е најдобриот љубовник ако навистина не го мислите тоа. Ако го уверите дека направил нешто добро, можеби сте осудени постојано да ви пружа нешто што навистина не ви се допаѓа. Покрај тоа, вие сте одговорни за вашиот оргазам, затоа немојте да си ја ускратувате возбудата на кој било начин, пренесуваат медиумите.

4. Не коментирајте го изгледот на вашиот партнер на негативен начин

Секогаш потсетувајте го вашиот партнер дека изгледа секси. Спалната соба е идеална за споделување комплименти! Но, секогаш останете со позитивни коментари. Запомнете дека истакнувањето на неправилности секако не доведува до добар секс!

5. Не започнувајте расправија

Отворените и искрени разговори се клучен дел за среќната врска. За сè има време и место, затоа оставете ги жестоките дискусии за друга пригода!

Слични содржини