5 раси кучиња кои се премногу чувствителни на топлина

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

На кучињата им е потребна и заштита од штетно сончево зрачење, а некои кучиња се особено чувствителни. Бидете внимателни кога го носите вашето домашно милениче со вас на плажа или на прошетка на сонце

Еве типови кучиња на кои топлината особено им пречи

Кучња со бело крзно

Исто како што луѓето со екстремно светла кожа полесно горат на сонце, така и кучињата чие крзно е бело или многу светла боја се почувствителни на штетните сончеви зраци отколку оние со темно. Прашајте го вашиот ветеринар какво средство за сончање би било најдобро за вашето домашно милениче.

Кучиња со кратко крзно

Една од функциите на крзното на кучето е да го заштитува од штетни сончеви зраци, а кај кучињата со кратко, оваа заштита е послаба. На овие кучиња крем за сончање и тоа како ќе им користи. Осигурете се дека заштитното средство не содржи цинк оксид затоа што е токсично за кучињата и може сериозно да ги оштети црвените крвни зрнца, за што може да биде потребна трансфузија на крв.

Кучиња без крзно

Ова може да биде повеќе од очигледно, но сигурно е важно да се напомене дека овие кучиња мора да бидат заштитени од сонцето. На кучињата без влакна (мексиканско голокожо куче, перуанското Инка куче) треба им се нанесува крема за сончање и да не поминуваат премногу време на директна сончева светлина.

Кучиња со светла муцка

Кучињата со розова муцка или друга светла боја имаат помалку пигменти, што значи дека имаат поголем ризик од штетно сончево зрачење. Дури и ако вашето куче има густа коса на скоро целото тело, ветеринар може да препорача да се нанесе заштитно средство на делови од телото кои не се покриени со крзно, како што се стомакот и носот.

Кучиња кои сакаат да лежат на сонце на грб

Куче кое лежи на сонце на грб може да биде слатка глетка, но може да биде многу штетно. Ветеринарите предупредуваат дека кучињата кои сакаат да лежат на грб на сонце се особено склони кон развој на сквамозни клетки во областа на стомакот со малку влакна.

Слични содржини