5 рецепти за вкусни сендвичи со тортиља

од Vladimir Zorba
5,7K прегледи

Има тенденција сè повеќе вработени луѓе да си носат кутии со ручек, наместо да се хранат во рестораните за брза храна во регионот на своите канцеларии. Поевтино и повкусно е, но и заштедува време.f4ac1bbfa5e47755e8f2ffbbb072f4ae

Освен тоа многу родители секое утро мораат да подготват сендвичи за ручек на децата, на кои очигледно не им се допаѓа храната во училиштето. И во двата случаи сигурно идеите за оригинални и вкусни сендвичи се исцрпени.

Затоа ви нудиме неколку необични идеи за сендвичи со тортиља (можат да бидат направени и со арапски леб). Питката може да биде и интегрална.

Овие тортиља сендвичи се лесни за подготовка, а комбинациите кои ќе ви ги покажеме нема начин да не ви допаднат. Две од нив се погодни и за вегетаријанци.

Еве ги нашите 5 предлози:

Тортиља со мисиркино и меден сенф

Намачкајте ги тортиљите со сенф, може дижон или медениот. Посипете на нив рендано сирење чедар и подредете слој со парчиња од мисиркини гради. Можете да додадете исечено јаболко и листови марула.

Хавајска пица

Се мачка околу 1 лажица од вашиот сакана доматен сос врз тортиљите, а потоа ставете и рендан кашкавал или сирење моцарела. Одозгора додадете неколку парчиња шунка и парчиња ананас, сецкани.

Тортиља со латино вкус

Намачкајте ја мексиканската питка со крем сирење (може и со топено). Одозгора ставете 1 лажица салца сос, 1 лажица пасиран црн грав од конзерва, се сечат црни маслинки и ленти од црвена пиперка.

Тортиља за вегетаријанци

Намачкајте врз тортиљата лажица хумус, а одозгора посипете изрендани моркови, пиперка на ленти, парчиња краставица и листови марула / зелена салата.

Питка со мисиркино и песто

Намачкајте ја вашата тортиља со 1 лажица песто (може и варијанта со сушени домати), потоа одозгора наредете парчиња мисиркини гради (може и пилешки), краставици и листови марула или краставица.

Кон секој еден од сендвичите можете да додадете артишок, авокадо, парчиња круша, листови од бејби спанаќ, свеж домат или печени тиквички. .