Кога една врска е завршена, секој човек си ги носи сам заклучоците што се случило, дали погрешил некаде и она што може да се поправи во односот во следната љубовна врска. Велат дека за разделбата се одговорни и двајцата, но има врски во кои вината главно е само во едниот партнер. Особено тешка е ситуацијата кога едниот во врската е емоционално нестабилен и ги носи карактеристиките на емоционалниот психопат.
Видете кои се 5-те најчести знаци на овој тип и внимавајте, ако ги забележите. Во таков случај бегајте побрзо од таа врска, и тоа далеку.
Го обвинуваат секогаш другиот партнер, ако нешто не оди во врската
Еден од најсигурните знаци дека сте сретнале или живеете со емоционален психопат е, ако тој / таа ја гледа вината во вас за секој бликнат проблем во односите. Овој тип луѓе никогаш не ја гледаат грешката во себе и никогаш не си признаваат ако сториле нешто лошо. Мајстори се во изобличувањето на фактите и нивната презентација, така што ќе изгледаат прави во секој момент.
Лажат за да ве натераат да се чувствувате лошо
Внимавајте, ако често го фаќате партнерот да лаже и тоа за очигледни работи во вашата врска. Сличен тип луѓе имаат тенденција да преувеличуваат секакви факти и ситуации како што им одговара во моментот. Ако имате врска со маж / жена кој лаже за секакви нешта, дури и ситни авантури, раскинете веднаш, без втора мисла!
Ве обвинува за сопствените неуспеси
Во таков случај зборуваме за личност која има сериозни психолошки проблеми. Човек кој го обвинува за личните неуспеси партнерот, не е достоен за ваш партнер. Тоа е човек кој не го интересираат вашите чувства, туку само сопствените емоции. Ако често го слушате од него изразот: “Заради тебе не го направив / Заради тебе не се справиц”, време е да си го соберете багажот и да ја завршите оваа несреќна врска!
Ви го повредуваат достоинството во секој удобен случај
За емоционалниот психопат е својствено да го предизвикува и понижува партнерот секогаш кога му дојде шанса. Забелешките и навредите може да се од битен карактер, професионален, но исто така и многу личен и интимен. За ваков тип на луѓе не е важно како се чувствувате, најважно е тие да ја контролираат врската, без разлика од средствата.
Забранети ви се средбите со ваши пријатели
Емотивниот психопат ја има оваа главна карактеристика – не дозволува на партнерот да комуницира со други луѓе, особено со своите пријатели. Ако се соочувате со слични манифестации и во вашата врска, размислете сериозно дали овој човек е погоден за вас и дали вреди да минувате низ овој пекол, колку и да сте вљубени.