5 знаци кои ви кажуваат дека веќе НЕ ГО САКАТЕ вашиот партнер!

од Vladimir Zorba
235 прегледи

За жал, без разлика дали тоа е моќта на филмовите на „Дизни“ или комплицирана капиталистичка шема, сите сме привлечени од идејата дека треба да најдеме вистинска љубов за да уживаме во животот.

Затоа, многу е тешко да се помириме со врска што го „потрошила“ својот рок на траење. Веројатно е дека има значителна количина љубов во таквата врска, но сега таа се претворила во удобност и комфор.

Еве и 5 знаци кои покажуваат дека веќе НЕ ГО САКАТЕ вашиот партнер:

НЕ ви е пријатно во друштво на други парови

Кога сте за заљубени, не забележувате други парови кои јавно ја искажуваат својата љубов, затоа што вие сте еден од нив. Меѓутоа, ако во одреден момент сте уморни од нивното однесување, веројатно сте љубоморни затоа што нивната врска е подобра од вашата.

Партнерот повеќе е ПРИЈАТЕЛ отколку ЉУБОВНИК

Општеството нè научи дека нашиот партнер мора да биде нашиот најдобар пријател, но сепак, не треба да се релаксирате премногу. Ако започнете да го правите истото со вашиот партнер како и со вашиот најдобар пријател, без гушкање, бакнување и водење љубов, одите по опасен пат.

НЕ велите „ТЕ САКАМ“ како порано

Кога ќе почувствувате дека сакате некого, ќе го кажете тоа. Ако не ви се допаѓа или не сте сигурни, нема. И тоа е многу едноставна работа што кажува многу за вашата врска.

Веќе НЕ гледате ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА

Во еден момент, сигурно сте ја испланирале целата ваша иднина заедно, и сега, не можете да видите како излегувате заедно следната недела, а камоли за десет години. Тешко е да се оцени една врска, особено ако порано ве исполнувала. Сепак, веројатно е подобро однапред да знаете дали лицето со кое сте не е соодветно за вас.

ДРУГИ луѓе ПОВТОРНО ве привлекуваат

Кога сте во првиот период од вашата љубов, генерално не ги тргнувате погледите од партнерот. Меѓутоа, ако сега се најдете искрено како ја мерите секоја привлечна личност на пат кон работа или флертувате малку кога ќе излезете на забава, треба да бидете свесни дека повеќе не сте приврзани за партнерот како порано .

Слични содржини