„50 Cent“ го зголеми половиот орган: Протече експлицитна фотографија поради која тужи докторка

од Nikola Popovski
336 прегледи

Раперот „50 Cent“ поднесе тужба против лекарите во клиниката за пластична хирургија во Мајами, наводно инсинуирајќи дека популарниот рапер е нивен клиент за операција за зголемување на половиот орган.

Правниот процес раперот го покренал на 16 септември, кога поднел тужба до федералниот суд.

Во фокусот на тужбата е фотографијата која „50 Cent“ ја направи со докторката на клиниката, Анџела Коган, мислејќи дека таа е само негова обожавателка.

Меѓутоа, Коган подоцна искористи фотографија од популарниот рапер во написот објавен од „The ​​Shade Room“, во кој таа го наведе 50 Cent како еден од нејзините клиенти за операција за зголемување на пенисот.

Написот набрзо беше отстранет, а покрај фотографијата на докторката Анџела Коган и раперот 50 Сент, наводно имаше слика на пациент во болничка ноќница со голем емотикон од модар патлиџан кој му ги покрива гениталиите.

Во тужбата поднесена до федералниот суд, адвокатите на 50 Cent негираа дека раперот бил под нож и ја обвинија д-р Коган дека ја искористила фотографијата за комерцијална корист.

„Постапките на обвинетиот го изложија Џексон на потсмев, нанесоа значителна штета на неговиот професионален и личен углед и го нарушија неговото право да го контролира своето име и имиџ“, истакнале адвокатите. Раперот подоцна побара налог со кој ќе се забрани Коган да продолжи да ја користи фотографијата со него, како и „милиони долари“ потенцијална штета за нејзиното „злонамерно“ однесување.

Слични содржини