Изгледа дека соработката што многу фанови ја чекаа конечно се реализира. Имено, 50 Cent потврди дека ќе сними заеднички албум со Еминем.
Откако Еминем неодамна откри дека единствената пречка за проектот е нивното „сопствено време и организација“, 50 Cent се огласи на Инстаграм за да објави дека ќе излезе од пензија како рапер за да сними албум. Тој вчера ја сподели веста која многумина ја чекаа.
„По се изгледа ќе се вратам во студио! напиша тој. „Прво треба само да ги одработам концертите во Вегас“.
Пред рап ветераните да влезат во студиото, 50 Cent ќе влезе во историјата со својот прв голем концертен серијал во Лас Вегас насловен „50 Cent: In Da Club“. Настанот започнува вечерва, а завршува на 4 јануари.
Дури минатата година, 50 Cent откри дека работи на нова музика и рече дека Еминем веќе го контактирал тогаш. Тој наводно му рекол дека Др. Дре, кој исто така треба да биде дел од проектот, подготвува нешто посебно. „Штом го кажав тоа, добив порака од Еминем дека тој веќе разговарал со Дре и дека Дре прави нешто таму, и има некои луди работи што треба да ги слушнам“, потсети 50 во интервју за Биг Бој.
Тој исто така објасни како вклученоста на Дре го носи проектот на следното ниво: „Ќе направам нешто и ќе ја барам најдобрата музика што можам да ја дофатам. И кога ќе најдам нешто што навистина ми се допаѓа, го носам на Дре за да го турнам да ми понуди нешто затоа што тој секогаш има нешто… Секогаш имал нешто“.
Објавата на 50 cent набрзо собра над 150.000 лајкови, а фановите беа воодушевени од коментарите. „Трпеливо чекавме“, „Ова може да го спаси хип хопот“, „Сè што 50 и Еминем допрат го претвораат во злато“, се само дел од коментарите.