50 Cent се потсмева на Пи Диди во судската битка: „Ќе го фатат со галони лубрикант“

од Марта Пешевска
29 прегледи

Раперот 50 Cent отворено се потсмева на Пи Диди, кој се соочува со повеќе тешки обвиненија, меѓу кои трговија со луѓе и рекетирање. На социјалните мрежи, 50 Cent неодамна сподели слика генерирана од вештачка интелигенција на која тој изгледа како да е секој член на поротата на судењето на Диди, со опис: „Не сум сигурен дали ова е фер, но не грижете се, бидете среќни“.

Исмејувањата од страна на 50 Cent продолжија со објавување на снимки генерирани од вештачка интелигенција на Диди во затвор, како и фотографија од годишникот на Диди со коментар: „Најверојатно ќе го фатат со 784 дилда и галони лубрикант“.

Дополнително, 50 Cent повторно ја отвори темата за убиството поврзано со поранешната ѕвезда на ријалити шоуто „Жиголос“ – Еш Арманд. Toj бил едeн од сексуалните работници кои, според обвиненијата, биле дел од авантурите на Диди и Кеси Вентура. Арманд беше осуден за убиство од небрежност во 2020 година, поради смртта на неговата девојка Херлин Дулај, а 50 Cent објави: „Ова е како филм, една од сексуалните работнички уби некого“.

Арманд бил под дејство на дрога кога ја претепал девојката до смрт, за што доби казна од 8 до 20 години затвор. Случајот повторно стана актуелен по објавувањето на документарец што детално ги опишува настаните и нивната можна поврзаност со обвиненијата против Диди.

Исто така, 50 Cent објави лажна фотографија од себе со маица на која пишува „Free Diddy“, потсетувајќи на неговата претходна изјава дека на некои фанови им плаќаат по 20 долари да носат маици за поддршка на Диди пред судот.

Кавгата помеѓу 50 Cent и Пи Диди трае веќе повеќе од една деценија. 50 Cent го обвинува Комбс за вмешаност во убиството на Ноториус Б.И.Г. во 1997 година, го критикуваше неговиот бизнис и личниот живот, вклучувајќи ја и наводната врска со Дафне Џој, мајката на најмалиот син на Комбс, која се споменува во една од тужбите против Диди.

И покрај тоа што Диди јавно ги негираше обвинувањата и ја минимизираше расправијата, 50 Cent продолжи со исмејувањата, особено по апсењето на Комбс на 17 септември минатата година. Во тоа време, тој најави и снимање документарец за целата приказна.

„Ова е комплексна приказна која опфаќа децении, а не само наслови и кратки исечоци што ги видовме досега“, изјавија 50 Cent и режисерката Александра Стејплтон во заедничко соопштение.

Слични содржини