50 Cent тужи докторка која тврди дека си го зголемил пенисот

од Vladimir Zorba

Раперот 50 Сент (47) тужел, како што пишува Дејли Мејл, пластичен хирург која користела фотографија од неа и раперот и лажно прикажала дека тој е на операција на гениталиите во нејзината клиника.

Станува збор за хирургот Анџела Коган од Флорида, а ја тужел и нејзината компанија ‘Perfection Plastic Surgery’ и ‘MedSpa’. Според раперот, фотографијата е направена во февруари 2020 година, а потоа таа ја искористила во корист на нејзината работа.

Проблемите всушност настанале кога платформата „The Shade Room“ споделила за мажи кои имале процедура за зголемување на гениталиите и го вклучила раперот и неговите фотографии.

Тој исто така рече дека хирургот знае дека никогаш немал ваков вид на пластична операција и бара фотографиите да престанат да се користат за бизнис промоција. Поради неовластено користење на фотографијата, 50 Cent бара и паричен надомест.

Анџела се обиде да поднесе барање за да се отфрли случајот, но судијата сепак одби да ја отфрли тужбата на раперот бидејќи верува дека фактите што тој ги изнесува можеби се вистинити и доволно силни за да продолжи со случајот.

Слични содржини