50 Cent за новите тужби против Диди: „За ова зборувам 10 години“

од Vladimir Zorba
395 прегледи

Познатиот рапер 50 Cent одлучи да проговори за Пи Диди кој моментално е во затвор и чека судење. Како што рече 50 Cent, тој „десет години го прозива однесувањето на колегата рапер Пи Диди“.

Откако јавноста дозна за нова тужба против музичкиот магнат, која се однесува на тоа дека тој дрогирал, а потоа силувал 13-годишно девојче уште во 2000 година на забава по доделувањето на музичките награди VMA, 50 Cent решил да каже се што знае.

Во интервју за People, раперот зборуваше за Диди и неговото однесување пред да биде уапсен во хотел на Менхетен.

50 Cent потврди дека за време на неговите концерти, но и на социјалните мрежи често го исмејувал животот на Комбс и тоа многу пред да стане познат на јавноста.

„Видете, изгледа како да правам некои навистина чудни работи, но не е така. Навистина само зборувам за она за што го зборувам 10 години. Сега е многу повеќе во вестите бидејќи се работи за Пафи, но јас сепак велам: „Се држев подалеку од тие работи цело време, бидејќи тоа не е мој стил“, рече 50 Cent.

Инаку, двајцата рапери се караат од 2006 година и од објавувањето на песната The Bomb, во која 50 Cent го обвини Комбс дека е вмешан во убиството на Notorious B.I.G.

За потсетување, против Шон Диди Комбс беа покренати уште пет обвиненија. Адвокатот Тони Базби поднесе нови тужби во кои тужителите, кои останаа анонимни, тврдат дека Комбс сексуално ги нападнал и ги силувал во различни инциденти помеѓу 2000 и 2022 година. Меѓу тужителите има двајца мажи и три жени, од кои едната тврди дека имала 13 години кога Комбс ја силувал.

Диди беше уапсен во Њујорк, е во притвор и се соочува со обвинувања дека сексуално напаѓал жени и ги принудувал да учествуваат во секс забави и да користат дрога користејќи закани и насилство.

Слични содржини