(ФОТО/ВИДЕО) Снимките од борбите: Руските ВКС и сириските воени сили продолжуваат да ја напаѓаат “ИД” до Палмира

од desk3
85 прегледи

Во петок, 16 декември, владините сили и нивните сојузници продолжија со контранапад против авиобазата Т4 (Тијас / Тифор) во источниот дел на сириската провинција Хомс.

Со активната поддршка на руските ВКС и сириските ВВС авојската успеа да ја врати контролата врз важно раскрсница – Ел Карјатејн и околните предели. Како резултат сириските сили успеале да го деблокираат патот меѓу стратешки важната база Т4 и град Карјатејн.


Како резултат на жестоки борби сириската армија е ликвидирала 5 БМП, 7 џипа со митралези и 3 тенкови на ИД. Во изминатото деноноќие само како резултат на воздушните напади исламистите изгубиле над 50 терористи.

Воените успеси на сириската армија веќе ја гарантираат безбедноста од напади на бандитите на воениот аеродром Тијас од југозападен правец и на градот Карјатејн од североисток, соопштува “Рускаја Весна”.

Вкопаните бандити го продолжуваат бомбардирањето со артилерија, минофрлачи и митралези.

Непријателот исто така се надева да ги опкружи армиските сили, избирајќи го тоа за своја главна тактички задача.

https://youtu.be/f5c203ASGfA