Маж на 56 години симна речиси половина од својата тежина, благодарение на зумба танц.
Тони Орл тежел повеќе од 240 кг, кога почнал да развива различни заболувања, како последица на зголемената телесна тежина. Дебелината на Британецот не е генетски условена, но уште од мал има штетни навики и се хранел нездраво.
Драстичната промена започнала пред неколку години, кога на Тони Орл и неговата жена им е потребно да ја откажат нивната резервација за одмор поради тешката состојба на дебелиот маж. Британецот не можел да ги користи тоалетите во авиони, седел само на одредени столици, наменети за неговата тежина, и носел облека по нарачка – осум пати XL.
Сето ова се променило кога почнал да посетува часови по зумба танц со неговата сопруга. Заедно двајцата успеале да стопат импресивни 185 килограми и продолжуваат да ги оддржуваат фигурите со танцување и здрава храна.
Во почетокот Тони ги посетувал зумба часовите еднаш неделно, а во моментов ја раководи локалната група за зумба танц во Лондон.