56 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.01.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

При контролата санкционирани се 56 возачи. За време на контролата санкционирани се и 105 останати прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со сообраќајните контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, соопштуваат од МВР.

Слични содржини