173
Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 1.886 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 22 124, објавил Националниот штаб за цивилна заштита. Меѓу нив, 2629 пациенти се во болница, од кои 277 се приклучени на апарати за дишење.
Бројката на починати во последните 24 часа достигнала 59 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно евидентирани се 152.239 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 2.233 починале. Вкупно 127.882 се опоравени, од кои 3.443 во последните 24 часа.
Во моментов има 52.764 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 816.241 лице, од кои 5.356 во последните 24 часа.