134
Во текот на вчерашниот ден (24.11.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата приведени се три лица поради недолично однесување, а констатирани се 59 сообраќајни прекршоци.
Упатени на вонреден технички преглед се 27 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.