Многумина беа воодушевени од фотографиите на младиот Бред Пит кој неодамна од трибините го следеше финалето на Вимблдон, а поради одличниот изглед на 59 години доби бројни комплименти. Меѓутоа, на балканците не им требаше долго време за да почнат да се шегуваат со изгледот на младоликиот Пит и српскиот актер Драган Бјелогрлиќ, кој исто така има 59 години.
Имено, корисниците на социјалните мрежи ја споредија фотографијата на Драган Бјелогрлиќ и Бред Пит.
„60 години на Балканот и во Холивуд“, е описот со колажот од две фотографии, а се чини дека шегата му се допаднала и на Бјелогрлиќ.
„Гледам дека ова е хит…“, напиша тој на својот Инстаграм и самиот ја сподели оваа споредба.
Да потсетиме, Пит неодамна направи метеж на трибините во финалето на Вимблдон, каде Карлос Алкараз го совлада Новак Ѓоковиќ и ја освои титулата на Грен слем турнирите. Иако наскоро треба да наполни 60 години, Бред изгледа двојно помладо.