Intel наскоро ќе почне да продава компјутер со големина на кредитна картичка. Уредот Compute Card може да се натпрварува дури и со некои лаптопи.
Compute Card е со димензии 95х55х5мм и ќе се нуди со избор на различни процесори. Основната верзија ќе се потпира на Intel Celeron N3450. Ќе се нудат и верзии со процесори од серијата Core i, вклучувајќи i5-7Y57 со Intel vPro технологија.
Оперативната меморија на сите верзии е 4GB. Поевтините ќе располагаат со 64GB eMMC меморија за датотеки. Верзии на Compute Card со Core i процесори ќе имаат 128GB SSD. Малите компјутери имаат Intel WiFi и Bluetooth 4.2.
Постои можност Compute Card да биде и пренослив компјутер. Корисникот ќе може да го носи со себе, и ќе има Docking станица, за да го поврзе со монитор, тастатура и глувчето, или пак со таблет со модул за него. Барем такви се надежите на Intel. Уредот ќе започне да се продава од август годинава, како за сега цената останува непозната.