Ново откритие-траги од живот на Марс

од desk3
231 прегледи

Ново откритие на научниците од Универзитетот од Единбург може да ги урне надежите на астрономите дека ќе откријат траги од живот на Марс.

Нивна анализа наведува дека условите за живот на Црвената планета се значително понепријатни од очекуваното, соопшти списанието Nature. Научниците спроведоа неколку експерименти. Врз основа на достапните информации за почвата на Марс, вклучувајќи од примероците на марсоходите, научниците направиле слична верзија на почва од Марс овде на Земјата. Тие додале и перхлорати, за кои научниците со децении сметаат дека се дел од нејзиниот состав.Според многумина тие ја намалуваат точката на замрзнување на течната вода и можат да се користат како извор на енергија од бактериите. Кон почвата се додадени и многу бактерии од Земјата . Експериментот покажа дека кога во почвата има перхлорати, бактериите всушност умираат два пати побрзо. Ако кон почвата се додаде железен оксид или хидроген пероксид, почвата практично станува токсична и ги убива бактериите 11 пати побрзо. И двете материи можат да се најдат во почвата на Марс .

Тоа значи дека веројатноста да се најде траги од живот или живи бактерии на површината на Марс е минимална, освен ако тие не се мутирани или се целосно непознати за човештвото , што е веројатно. Останува надежта дека подлабоко во почвата условите може да се подобри. Тоа ќе може да се провери само со следниот марсоход кој ќе има таква можност.

Веста не е целосно лоша, забележува Engadget. Една од главните грижи на научниците при колонизација на Марс е планета да не биде заразена од земни бактерии кои ќе ја нарушат локалната рамнотежа.