Градоначалникот на Општна Центар, Горан Герасимовски, на вечерашната трибина „Силно и одлучно“ сподели резултати од последните испитувања на јавното мислење за задоволството на жителите на Центар од работата на локалната самоуправа. Според овие истражуавања речиси две третини од граѓаните на Центар се задоволни од работењето на локалната власт, а околу 60% сметаат дека работите во општината се одвиваат во правилна насока.
„Истражувањата кои ги спроведовме покажуваат висока поддршка за сработеното во првата година. Дури 62% од граѓаните се задоволни од работата на општината, а 60% сметаат дека работите се одвиваат во правилна насока. Но треба да бидеме свесни дека довербата и лесно може да се губи. Затоа, да продолжиме сплотени, искрени, секогаш достапни и приземјени да им служиме на оние кои веруваат во нас“ – истакна Герасимовски.
Тој посочи дека еднакво ја цени секоја критика како и пофалбите и ги охрабри присутните да бидат гласни, да комуницираат со општината и да ги споделуваат своите идеи и проблеми.
„Сакам да им порачам на сите наши сограѓани дека ја ценам секоја критика исто колку што ја ценам и секоја пофалба. Ве охрабрувам да продолжите директно да комуницирате со нас како општина, да ни укажувате и на добрите и на слабите страни. Вклучете се и споделувајте идеи и бидете гласни за секоја тема од заеднички интерес. Ајде заеднички да градиме подобар Центар, општина по ваша мерка“ – рече Герасимовски.