Државна лотарија со радост известува дека во 50. коло од играта на среќа лото 7, падна рекордна лото-премија во вредност од
41 163 771 60 ден., (околу 669 000 евра). Извлекувањето се реализираше во сабота, на 26 јуни (2021 г.), со пренос во живо на Канал 5 телевизија.
Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место ЈМБ Компани, во скопската населбата Визбегово во Општина Бутел. Уплатени се 10 лото-комбинации, а добитна е 3-тата комбинација со броевите: 1, 20, 24, 25, 31, 32 и 34.
Ова е четврта 7-ка од играта на среќа Лото 7, а 25-та лото-премија од почеток на приредување на лото-игрите на среќа (од 2010 година).
Во септември, 2020 година, Семејството Јанковски од Битола ја постигна досега најголемата премија во износ од 31 165 143 денари, уплатена во Алек Табак во Битола. Една година претходно (2019 г.), среќните броеви уплатени во Аива Кичево, на Зоран Митаноски и неговото семејство им донесоа 7-ка вредна 11 966 712 денари, по само 5 месеци откако беше постигната првата 7-ка на Лото 7, на 8 мај 2019 година, во износ од 299 293.990 денари, во Кавадарци.
Во историјата на лото-игрите на среќа, на Државна лотарија, за 7-ка досега се славеше во градовите: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје. Од скопските општини, на мапата на 7-ката, запишани се Општина Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир и Општина Бутел каде што по вторпат паѓа премија, овојпат во населбата Визбегово.
Ја поздравуваме одлуката на лото-играчите коишто досега јавно го споделија своето искуство – да се добие 7-ка на лото. Веруваме дека наскоро ќе се запознаеме и со нашиот најнов добитникот и ќе ви ја пренесеме среќната приказна на лото-играчот чиишто среќни броеви му донесоа добивка во износ од 41 163 771 60 ден., за уплатени 200 денари.
Во тек е уплатата за коло 51, а премијата за 7-ка изнесува 7 000 000 денари. Во летните горештини Ви предлагаме онлајн уплата и онлајн игра на www.loto.mk