70 членови на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци се убиени во Газа

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска објави дека најмалку 70 нејзини членови се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел.

„70 колеги од УНРВА се убиени во Газа од 7 октомври“, се вели во соопштението на агенцијата за мрежата Икс.

УНРВА повтори дека и понатаму ќе остане во енклавата.

„Мојата силна порака до персоналот и луѓето во Газа е – УНРВА останува“, рече генералниот комесар на УНРВА, Филипе Лазарини.

Слични содржини