-На 15.09.2021 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од балкон на стан на подрачје на Ѓорче Петров, Ж.К.(70) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир така што со пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Од лицето бил одземен пиштолот „М- 70″ калибар 9мм., две рамки за пиштолот, 12 куршуми калибар 9мм., футрола за рамка, ловечка пушка „црвена застава” калибар 16/70мм., два патрона за ловечка пушка „белон 2,50 мм.”, футрола за ловечка пушка и две дозволи за поседување и носење оружје на негово име, се вели во соопштениетео од МВР.

Слични содржини