475
Седумдесет милиони нови корисници се регистрирани на апликацијата Threads за помалку од 48 часа, што е двојно повеќе од 30 милиони регистрирани во првите 24 часа од лансирањето на апликацијата.
Сопственикот на Меtа, кој е сопственик и на Threads, Марк Закерберг, оценил дека тоа од далеку ги надминало нивните очекувања, објави „Гардијан“.
Тој рече дека сака „љубезноста“ да биде во фокусот на привлечноста на апликацијата, наведувајќи ја загриженоста дека ривалската платформа Twitter, која има повеќе од 250 милиони корисници, станала премногу непријателски настроена кон поединци.