Едни исти лаги на ВМРО ДПМНЕ за одбрана на криминалот, СДСМ е опцијата која ја носи земјата напред и обезбедува иднина! Граѓаните се свесни за пустошот што после 11 зад себе го остави ВМРО ДПМНЕ и ги препознаваат и лагите кои ги шират, само за да одбранат криминал, велат од СДСМ во партиско соопштение.

– ВМРО ДПМНЕ ја влечеше земјата надолу, а граѓаните ги чувствуваа негативните последици од нивните деструктивни политики.
Додека ВМРО ДПМНЕ го брани криминалот СДСМ е опцијата која ја носи Македонија напред, во ЕУ и НАТО и ја обезбедува македонската иднина.
Македонската безбедност и сигурност се загарантирани, обезбеден е македонскиот идентитет и тоа е потврдено и загарантирано еднаш засекогаш.
Членството во НАТО што се обезбедува преку Договорот, носи огормен раст на економијата, инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните.