22
– На 15.08.2024 во 09:25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на улица „29 Ноември“ во Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ј. (80) и велосипед управуван од Д.Б..(79) од Ресен, информираат од МВР.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во „Специјална болница Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид извршила екипа од ОВР Ресен.