Над 80 граѓански здруженија и активисти преку писмо упатено до еврокомесарот Јоханес Хан, пред денешната средба со политичките лидери побараа итно формирање на преодна влада како единствен начин за излез од кризата-пренесе Ал сат.
„Граѓаните за Македонија“ бараат од официјалните европски лица да бидат свесни дека моменталната криза не е помеѓу политичките партии, туку е борба меѓу граѓаните и владата на чело со Груевски. Во писмото до комесарот Хан и другите релевантни фактори во ЕУ, граѓаните бараат враќање на слободата и демократијата во Македонија, а не уште една тоалет хартија – како што беше прогласен од страна на власта договорот од 1 март од пред две години.
Извор: Ал сат
